Дваесетгодишно момче паднало од прозорец и починало денеска наутро, во бегство од белгиската полиција во Антверпен, која пристигнала по пријава за нелегален собир поради пандемија со ковид-19.
Полицијата пристигнала во хотелот по пријава поради поплака за бучава, јавуваа белгиските медиумите, повикувајќи се на Државното правобранителство.
Осум учесници во забавата се обиделе да и избегаат на полицијата, а младиот човек се излизнал низ прозорецот, паднал, и починал, и покрај обидите за реанимација.
Во Белгија, како дел од мерките за борба со коронавирусот во сила е забрана за собирања и само едно лице од надвор може да посети едно домаќинство.
Лицата фатени на нелегални забави можат да бидат казнети со 750 евра, а организаторите до 4.000 евра.