Фирмите имаат уште 15 дена да се регистрираат за е-Даноци

Од:

До крајот на месецов уште 5.481 фирма треба да се регистрираат на новиот систем на УЈП за е-Даноци.

Користењето на електронските сервиси на УЈП е законска обврска. На фирмите им преостануваат уште 15 дена  да ги преземат неопходните чекори за да можат од 1 јули непречено да пријавуваат данок преку интернет сервисот на УЈП.

Од 1 јули 2013 година, со стапувањето во сила на задолжително електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка за ДДВ обврзниците, на шалтерите во УЈП веќе нема да се примаат ДДВ-пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма.

Доколку фирмите не се приспособат на новините во даночното работење, нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ-пријавата во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

Вкупно 12.059 правни лица и самостојни вршители на дејност кои моментално се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително ќе треба да мигрираат на новиот систем на електронски услуги на УЈП. Во спротивно од 1 јули 2013 година нема да можат да ги користат е-даночните услуги. Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk .

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа