Украина не мисли да тргнува во офанзива против проруските сепаратисти

Од:

Украинските власти соопштија дека нема да почне офанзива против проруските сепаратисти кои контролираат два региона на истокот на земјата.

Киев го објави соопштението поради страв од голема ескалација во источна Украина. Во последните недели се интензивираат судирите меѓу украинската армија и сепаратистите, а Русија започна да собира трупи долж границата.

„Ослободувањето на привремено окупираните територии насилно ќе доведе до смрт на многу цивили и многу жртви меѓу војската, што е неприфатливо за Украина“, изјави Руслан Комчак, началник на Генералштабот на украинската армија.

Тој ја обвини Москва дека прибегнува кон „заплашување и изнуда од воени сили“ за да ја влоши ситуацијата.

„Украина е поддржана од целиот цивилизиран свет. Ние не сме сами пред непријателот”, додаде Комчак.

Белата куќа соопшти дека Русија го презела најголемото трупање војници на нејзината граница со Украина од 2014 година, кога изби војната во источна Украина и Русија го анектираше Крим.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат