Против најбараниот нацист Ласло Чатари (98) е покренато обвинение во кое се терети за илјадници депортации на Евреите во Втората Светска војна.
Бидејќи станува збор за специфичен процес, судот има 90 дена до почетокот на судењето, пренесе „Франс прес“.
Чатари кој се наоѓа на листата на Центарот Симон Визентал, како најбаран нацист, е во домашен притвор од минатата година.
Тој беше висок украински полициски офицер задолжен за гето на Кошице, град кој денес и припаѓа на Словачка.
Според центарот тој помогнал во депортација на околу 15.700 Евреи во Украина и во познатиот нацистички логор Аушвиц, во периодот од 1941 до 1944 година.
Судот во некогашната Чехословачка во 1948 година во отсуство го осуди Чатари на смртна казна.
Познатиот нацист по Втората Светска војна избега во Канада, а последните 15 години пред да биде притворен живее во Унгарија.
Тој е уапсен минатата година, благодарение на новинар на британскиот весник „Сан“ во Будимпешта.
Елена Георгиевска