Шведската амбасадорка Хастад: Феноменот на купување и продавање гласови во Албанија е загрижувачки

Од:

мбасадорката на Шведска во Албанија Елса Хастад предупреди на „загрижувачката појава на купопродажба на гласови“ во земјата.

-Феноменот на купување гласови е загрижувачки, мора да бидете претпазливи затоа што фазата во која се наоѓа демократијата во земјава е многу кревка. Сите ние имаме улога, но позначајни се граѓаните а државата мора да им обезбеди соодветен изборен процес, изјави таа по средбата со жителите на Пачрам, општина Вау те Дејес.

Додава дека ја цени демократијата и оти во посета на Пачрам е за да одблиску се запознае со гледиштето и перцепцијата на луѓето во врска со предизборната кампања за парламентарните избори што ќе се одржат на 25 април и изборниот процес во целина, посебно учеството на заедницата на изборите.

Шведската дипломатка не сакаше да го коментира вклучување на кандидати со криминално минато на изборните листи.

-Не сакам да коментирам вклучување на кандидати со криминално минато на изборите, рече таа.

Пред утврдувањето на кандидатските листи американската амбасадорка Јури Ким апелираше до партиите во кандидатските листи да не ставаат лица со криминално досие а од ЦИК да не ги прифаќа истите. Посебно посочи неколку лица кои се на „црната листа“ на САД, но сепак тие се на листите ќе се тркаат за пратенички мандат. Меѓу нив е и Том Доши, од Социјал-демократската партија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек