Државниот инспекторат за животна средина и Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Струга во заедничка координација, во март оваа година, обезбедиле докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска.
– Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот. Подготвена е кривична пријава што денес се доставува до надлежното Јавно обвинителство. Правниот основ на тужбата е членот 230 од Кривичниот законик „Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, според кој може да се изрече казна затвор од три месеци до три годиним наведоа од ДИЖС.
Од Инспекторатот нагласија дека нема да дозволат загадување на животната средина, особено во регион кој е впишан на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.