ВИДЕО: Унионистите и националистите се судрија со полицијата во Северна Ирска, фрлени камења и молотови коктели

Од:

И покрај повиците за смирување, упатени од Лондон, Даблин и Вашингтон, нови насилства избија синоќа во Северна Ирска, која во последната седмица е зафатена од најголемите немири во последните години.

Делови од Северна Ирска се соочија со седмата последователна ноќ на насилство откако унионистите и националистите се судрија со полицијата, но и едни со други.

Во Белфаст, специјалната полиција се соочи со републиканските демонстранти, кои кон нив фрлаа камења и молотови коктели, додека се обидуваа да ја спречат насобраната толпа да се упати кон унионистите.

Во немирите досега се повредени над 50 полицајци. За три децении, 3.500 луѓе се убиени во судирите меѓу републиканците, претежно католици кои се приврзаници на обединувањето со Ирска и протестантските унионисти, жестоки поддржувачи на припадност кон Велика Британија.

Новите насилства избија иако британските и ирските премиери повикаа на смиреност во текот на денот, придружувајќи им се на повиците на лидерите на Северна Ирска, и унионистите и републиканците, кои го осудија „неприфатливото“ насилство, во услови на тензии и негодувања околу Брегзит.

Пред вонредната седница на локалниот парламент, владата на Северна Ирска, составена од унионисти и републиканци, издаде заедничко соопштение во кое го осудува насилството кое е целосно „неприфатливо и неоправдано“ и повика на прекинување на „нападите врз полицијата, јавните служби и (северноирската) заедница“.

Белата куќа, исто така, повика на смиреност и истакна дека е „загрижена“ поради насилството, додека Џо Бајден, горд на своето ирско потекло, веќе изрази загриженост за последиците од Брегзит по мирот во покраината.

Брегзит ја ослаби кревката рамнотежа во покраината со воведување царински контроли помеѓу Велика Британија и Европската унија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска