Професори од Средно уметничко: Директорот владее диктаторски, нè тера да држиме физичка настава

Од:

Група професори од средното музичко училиште „Лазар Личеноски“ реагираат на, како што велат, самоволието, испадите и незаконското работење на директорот на училиштето Филип Фидановски. Тие се жалат дека тој им вовел осумчасовно работно време и дека во услови на влошување на пандемијата, на почетокот на месецов им наложил да продолжат со физичка настава во присуство на сите ученици.

Еве ја во целост реакцијата на професорите:

„Самоволието и тоталитаристичкиот начин на работа на нашиот Вд директор Филип Фидановски ги надминува сите граници на нормалност. Неговите испади и незаконито работење во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, станаа секојдневие.

Имено, сакаме да ја известиме јавноста дека в.д. директорот Филип Фидановски во овие услови на пандемија со преку 50 починати дневно и забрана за групирање на повеќе од 4 лица, воведе 8 часовно работно време за професорите и повторно воведе настава со физичко присуство. Сето ова во услови на заболени 15 професора. И самиот вд директор е заболен и не доаѓа на работа, но од дома се чини полесно му е да дава наредби.

Иако советот на родители писмено реагираше против настава со физичко присуство вд директорот не сакаше да ја стави оваа точка на дневен ред на последниот наставнички совет.

Вд директорот во училиштето владее тотално диктаторски. Тој не дозволува конституирање на училишен одбор иако се избрани преставници од професорите и родителите преку советот на родители. Тој ова го прави бидејќи неговиот мандат на ВД истекува за еден месец, а започнувањето на постапката за избор на директор согласно законот за средно, започнува три месеци пред истекот на мандатот. Нашиот Вд директор сеуште нема лиценца за директор и е поставен незаконски за ВД, спротивно на член 91 од законот за средно.

Ние потпишаните професори не реагираме по прв пат во однос на работата на вд директорот. Досега повеќепати е реагирано до инспекторатот, министерката и премиерот. Загрижени сме дека ова нема да биде ни последен пат. Затоа што тој „владее“ а не „раководи“.

Тој не сака или незнае да соработува со колективот. Подршката на своето владеење уште на самиот почеток ја бара само во министерството односно кај моќниците кои се на позиција, наместо да ја бара во колективот. Не умее или несака да ја негува култивираната комуникација ниту во соработката со родителите, ниту со учениците. Тој не умее да ја добие довербата од другите, да покаже разбирање за чувствата на другите, да обезбеди сојузништво и подршка, да ја спроведе политиката на училишниот одбор, а не само на министерката, да го пренесе мислењето на колективот дури и кога не се согласува со истото.

Истовремено одбива да ги спроведе одлуките на сите легитимни тела во училиштето како стручниот актив, општообразовниот актив и советот на родители и одбива да го спроведе конституирањето на училишниот одбор кој самиот со помош на МОН и ДПИ го распушти. Со ова се обидува да го држи училиштето во правен мрак каде тој самиот може непречено да носи одлуки без притоа да биде консултирано ниедно друго тело.

Ние професорите, досега покажавме голема толеранција спрема петмесечниот сталинистички стил на негово владеење, надевајќи се дека ќе се вразуми. вој целосно некомпетентен човек ги поседува сите одлики на владетел од минат период,“ се вели во реакцијата на професорите од Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, во која се вклучени и нивните потписи и документите на кои се повикуваат.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците