Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: План од скандалозни 175 нови партиски вработувања во изборна година се сламката за спас на Шилегов

Од:

„Додека фирми се затвараат и вработени се бркаат од работа, Шилегов партиски вработува. Мрзливиот градоначалник Петре Шилегов планира скандалозни 175 нови вработувања во ЈСП за конечен распад на претпријатието кое и така опстојува благодарение на субвенциите од градот Скопје.

175 нови партиски вработувања во изборна година се сламката за спас на мрзеливиот Шилегов“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој план за вработувања е доставен на разгледување до советниците на град Скопје на денешната седница, при што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе гласа против.

Најголем дел од овие вработувања се администрација, а многу помал дел се возачи кои се неопходни на претпријатието. Покрај 175 нови партиски вработувања, планирани се и нови 95 унапредувања кои чинат дополнителни финансии, а само 41 пензионирање.

Најголемиот дел на планирани вработувања се за администрацијата на директорот, а многу помалку онаму каде е неопходно, а тоа е зголемен број на возачи.

Па така мрзеливиот градоначалник Шилегов вработува нов оперативен директор на кому ќе му бидат исплатени плати од 245 илјади денари до крајот на годината.

• Советник на директорот за примена на законот за јазици кој ЈСП до крајот на годината ќе го чини 332 илјади денари.

• Двајца соработници за секундарна продажба кој ЈСП ќе го чинат до крајот на година 310 илјади денари.

• Инженер за инвестиции кој ЈСП ќе го чинат 175 илјади денари.

• 7 хигиеничари кои ЈСП ќе го чинат 900 илјади денари.

• Раководител на сектор финансии кои ЈСП до крајот на годината ќе го чинат 245 илјади денари.

• Сметководител со плата до крајот на годината од 185 илјади денари.

• Работник за обезбедување на имот и лица. Работник за изгубено најдено. Помлад соработник за правни работи, соработник за човечки ресурси, референт по статистика, раководител на одделение за општи работи, виш соработник за информатика и слични работни места се на списокот на Шилегов.

Шилегов знае дека е ги загуби изборите и е нервозен и исплашен. Ова преставува класична злоупотреба на институции и конечен распад на ЈСП“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија со канцерогени материи

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Од 15 институции надлежни за загадувањето, само ние реагираме

Катерина Ѓуровски

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Тодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје