Се вмроизира заштитниот знак на Охрид?

Од:

Градот Охрид нема да врши ребрендирање на заштитниот знак на Охрид, и нема да ја менува бојата од плава во црвена рече градоначалникот Никола Бакрачески откако бојата на налепницата со ценовникот во такси возилата во градот е црвена, а црвен е и заштитниот знак на Охрид и на двокатниот автобус кој Владата му го додели на Охрид.

Дел од политичките субјекти во градот обвинија дека станува збор за партиско обојување на општината.

„Претпоставувам дека се мисли на бојата на налепниците за такси превозниците. Значи не станува збор за ребрендирање на симболите на град Охрид, тоа е избор, односно можеби најдобро идејно решение на одделот за Туризам и локален економски развој, кој беше задолжен за реализирање на овој дел од програмата, значи не станува збор за никакво ребрендирање“ рече градоначалникот Бакрачески.

„Имено повторно, во обидот за регулирање на цените на такси превозниците, односно новите официјални налепници со цени , не се во согласност со официјалната боја на Општина Охрид. Симболиката на боите на симболот на општина Охрид е многу јасна и не станува збор за партиска обоеност туку напротив станува збор за бои кои го симболизираат Охридското Езеро. ЛДП е голем противник на партиско обојување на Општина Охрид без оглед на тоа кој е во моментов власт или опозиција“ стои во реакцијата на ЛДП.

Од друга страна, сите знаеме дека официјалните дресови на спортските клубови во Охрид, официјалните документи од Општина Охрид како и нејзината поромоција надвор од границите на оваа земја е под боите на тој симбол. Бегањето од симболот кој е автентичен за Охрид значи сериозно губење на долгогодишната традиција.

ЛДП прашува дали ваквата промена на боите на симболот на Општина Охрид е ненамерна или пак станува збор за тивко партиско преобојување?

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он