Во САД се испитуваат алергиските реакции на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“

Од:

Националниот институт за здравство на САД денеска соопшти дека во моментов спроведува студија за ризикот од алергиски реакции на вакцините за Ковид-19, направени од компаниите „Модерна“ и „Фајзер“.

Студијата, финансирана од Националниот институт за алергија и инфективни болести и чии резултати се очекуваат во текот на летото, ќе опфати 3.400 возрасни доброволци на возраст од 18 до 69 години, а околу 60 проценти од учесниците ќе бидат со историја на сериозни алергиски реакции на храна, убоди од инсекти или имунотерапија.

Целта на студијата е да се обезбеди помош на загрозените во рок од 90 минути по вакцинирањето, пропорционално на резултатите од студијата за бројот на идентификувани алергиски реакции.

Неколку случаи на алергиски реакции, вклучително и системски кои можат да бидат опасни по живот, како што е анафилактичен шок, се пријавени во САД по имунизација со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“.

Во јануари, центрите за контрола и превенција на болести на САД објавија дека се појавиле алергиски реакции со инциденца од 11,1 на 1 милион вакцини.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија