Ќе се воведе единствен број за сите итни служби – 112

Од:

В.Д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска изјави дека се работи на воспоставување и имплементација на повикувачки европски број за помош 112, кој ќе ги обедини сите итни служби во земјава.

Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.

– Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број, изјави Ангелов.

ој додаде дека државата досега има обезбедено просторни услови и работат на селекција на луѓе кои ќе работат на овој број, односно приматели на повиците на линијата 112.

Ангелов најави дека процесот е во тек и се очекува бројот да биде во функција во текот на јуни оваа година. Во однос на сегашните броеви за прва помош, Ангелов истакна дека тие нема да бидат укинати веднаш и во прва фаза, според нивна проценка, броевите ќе бидат активни околу една до две години.

Претседателот на ЦУК објасни дека новата линија за повик на помош ќе работи така што кога граѓанинот ќе побара помош, дежурниот оператор на бројот 112 ќе го пренасочи повикот таму каде што треба. Ангелов истакна дека не станува збор за механичко препраќање на повикот, односно операторот ќе се погрижи соодветната потребна помош да пристигне таму каде што е повикана.

Би можело да ве интересира

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола