„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Од:

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ ја обвини Општина Охрид дека практицира формална, а не суштинска демократија со повикот за јавна расправа по новиот урбанистички план за месноста Горица-Север.

Во нивната денешна реакција на повикот на Општина Охрид по однос повикот за jавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица-Север, се наведува дека само формално се повикува јавноста да партиципира во донесувањето одлуки, а без притоа да се овозможи увид во документот што би требало да е оценка на предметната расправа.

– Општината го објавува само Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за урбанистичкиот план, но не и самиот урбанистички план – јавноста нема можност да процени дали Нацрт-извештајот навистина точно и целосно го проценува влијанието на планот, да постави соодветни прашања за овие влијанија до надлежните органи, ниту да достави квалитетни коментари базирани на целосно и точно информирање, стои во реакцијата.

Според активистите од „Фронт 21/42“ се работи за типичен пример на прекршување на законите од страна на надлежните, на начин кој создава илузија дека постапуваат во согласност со правото. За нив, консултации со јавноста за влијание врз животната средина на урбанистички план кој не е објавен претставува кршење на легислативата и неколку директиви и меѓународни конвенции.

Како што посочуваат во реакцијата, ова не е првпат Општина Охрид да покренува и спроведува процес на консултации со јавноста само со објава и јавна расправа по извештај без објава на нацрт-документот чие влијание врз средината се проценува. На идентичен начин, „согласно законите“ биле донесени и урбанистичкиот план за туристичкиот комплекс Горица во 2018 година, планот за мини индустриска зона во Лескоец, планот за урбанизација на селото Коњско…

– За сите овие (и други) планови кои овозможуваат дополнителна урбанизација на веќе уништеното светско наследство, општината наводно ја вклучила јавноста во процесите за нивно усвојување, без да и дозволи пристап до самите планови. Ниту еден од споменатите урбанистички планови сеуште не објавен, стои во реакцијата од „Фронт21/42“.

Новиот урбанистички план за Горица-Север, како што посочуваат од „Фонрт21/42“ ќе овозможи изградба на нови викенд куќи, хотели, мотели, хостели, големи угостителски објекти и слични објекти на површина од 11,62 хектари, како и сообраќајни коридори на површина од 3,98 хектари, со што се занемарува препораката од УНЕСКО за стопирање на урбана и крајбрежна трансформација на Охридскиот регион, спротивно Законот за управување со Охридскиот регион, Конвенцијата за светско наследство и Уставот.

– Ова е директна спротивност на препораката од 2017 година кога УНЕСКО побара итно стопирање на секаква урбана и крајбрежна трансформација, барем додека не се усвојат сите релевантни документи и прописи и не се обезбеди ефективно спроведување на законите. Усвојувањето на сите релевантни документи и прописи не е ни одблиску завршено, а од последниов (и многу, многу други примери) јасно е дека сеуште не сме стигнале до степен на развој во кој барем власта и надлежните органи нема да ги кршат законите за чие спроведување треба да се грижат, посочуваат од „Фронт21/42“.

Законот за управување со Охридскиот регион јасно дефинира дека спроведување на одлуките на УНЕСКО е законска обврска за сите надлежни органи кои имаат ингеренции во управувањето. Според тоа, со започнување на процес на усвојување на Урбанистичкиот план за Горица-Север, градоначалникот на општина Охрид своите ингеренции во управувањето со светското наследство ги врши со прекршување на одредбите на овој закон.

Со оглед на фактот дека Законот за управување со Охридскиот регион ја транспонира меѓународната конвенција за светско наследство, одлуката за продолжување на урбанизацијата е и противуставна – Уставот јасно налага обврска за спроведување на меѓународните договори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена