Нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој на македонски државјани во Албанија

Од:

Македонската амбасада во Тирана преку објава на Фејсбук информира дека нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана.

-Албанија нема ограничување за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани на нејзина територија. Единствено ограничување во Република Албанија е забраната за движење од 20:00 до 06:00 часот. Движењето во овој временски период е со претходно одобрение, стои во објавата на Амбасадата.

Дополнително, се даваат иструкции за оние кои го користат меѓународниот аеродром во Тирана.

-Државјаните на Република Северна Македонија кои го користат Меѓународниот аеродром во Тирана за патување во трета земја, треба претходно да ги исполнат условите за влез во истата. Иако Албанија не бара негативен ковид тест, карантин и слично, доколку крајната дестинација има одредени рестрикции, албанските органи бараат истите да се исполнуваат, во спротивно полетувањето нема да биде дозволено, се посочува во објавата, која е објавена на македонски и на албански јазик.

Фејсбук страницата на македонската амбасада во Тирана (https://www.facebook.com/MKembassyALB/ профункивнира деновиве, а тоа лично го објави амбасадорот Дaнчо Марковски.

-Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа. Страницата ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот, напиша амбасадорот Марковски во објава на македонски, албански и англиски јазик. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски