Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

Од:

Првата детска амабасада во светот Меѓаши започна кампања на тема „Поттикни МИР“, што се фокусира на преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Кампањата ќе се одвива онлајн, преку објавување кратка поттикнувачка содржина на социјалните платформи на детската амбасада.

Целта на кампањата е да го подигне нивото на општествена одговорност, да се гради и одржува мирот, а како што порачаа од Меѓаши мирот се гради само ако прифатиме дека истиот не е во отсуство на војна, ниту моментална состојба, туку константен процес што директно зависи од нашите акции.

Претседателот на амбасадата, Драги Змијанац посочи дека кога станува збор за мир, ние живееме во поделено општество, по етничка, верска економска, образовна, идеолошка основа.

-Живееме со груби, агресивни, насилни односи и непочитување на различните и поинакви од себе, не само во обидување, туку и во ставови. Тоа го гледаме секојдневно и на социјалните мрежи. Живееме во општество без општо прифатени вредности во кои сите ќе веруваме, општество во кое не успеваме да ги научиме новите генерации да не се мразат, туку да живеат заедно. Живееме во сегрегирано образовно општество каде учениците од различни етнички заедници учат во посебни училишта, живееме во општество каде иако сите говориме на својот мајчин јазик, сепак меѓусебно ретко се разбираме кога треба да градиме доверба, заеднички вредности и заеднички живот. Живееме во општество каде сиромаштијата е секојдневие, каде гледаме дека питањето станува секојдневие, каде државата не успева да се справи не само со детската сиромаштија, туку и злоупотреба на децата и нивниот труд, рече Змијанац во обраќањето на денешната он лајн прес-конференција.

Фатиме Ајдари и Ана Битољану, членови на тимот на амбасадата, говореа за начинот на кој што ќе се одржува кампањата за која дизајнот е дело на ОХО. Онлајн ќе се објавуваат пораки со кратка поттикнувачка содржина на повеќе јазици на социјалните мрежи на Детската амбасада Меѓаши.

-Кампањата е изработена во рамки на програмата за мировно образование на детската амбасада Меѓаши. Програмата започна во 2011 година како пилот-програма во три средни училишта во Скопје за да сега после десет години е една стабилна програма втемелена во повеќе градови и училишта низ државата, истакна Битољану.

На програмата, појасни, работат наставници и наставнички кои постојано изведуваат најразлични активности поврзани со градењето мир. Битољану истакна дека преку оваа програма се залагаат за општествената промена, но заложбата на Меѓаши е поширока од работењето низ образовните институции и има цел, нагалси, да поттикне да се разговара за овие теми на поширока основа за да се изгради подобро место за живот.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

151 дојава на СОС линијата за деца и млади во првата полововина од 2021

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

„Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше зборникот „Кон мировното образование“