Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ би требало во следните денови да го продолжи договорот со екипата на Милан до јуни 2022 година, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Договорот, според пишувањето на медиумите, е веќе подготвен, а Ибрахимовиќ би заработувал годишно 6.5 милиони евра, плус бонус од 500.000 евра доколку италијанскиот прволигаш Милан на крајот од оваа сезона избори настап во Лигата на шампиони.
Ибрахимовиќ на 16 натпревари сезонава во Серија А постигна 15 голови, а неговиот клуб во моментов е второпласиран на табелата.