Наследникот на Меркел бара построги заштитни мерки во Германија

Од:

Лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, изјави денеска дека е потребно воведување на построги мерки во Германија со цел да се спречи зголемувањето на заразата со коронавирусот.

Лашет, за кого многумина сметаат дека е наследник на Ангела Меркел на местото канцелар на Германија, истакна дека земјата мора да ги заостри мерките за надминување на јазот сè додека имунизацијата не ја подобри ситуацијата.

– Ние сме многу блиску до целта. За последните метри ни е потребен дополнителен напор и затоа тоа го барам денес, рече Лашет.

Истовремено, тој апелираше до граѓаните дополнително да ги намалат личните контакти, со што ќе се спречи воведување полициски час во текот на ноќта, како и секој да работи од дома доколку е тоа можно.

Лидерот на ЦДУ додаде дека состанокот на премиерите на германските покраини е планиран за 12 април, но оцени дека треба да се одржи порано.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД