Санкции за директорите и вработените на клиниките кои не го почитувале работното време

Од:

Парични казни за директорите и дисциплински постапки за вработените на клиниките кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат при ненајавени контроли не ги затекнал на работното место, доколку за тоа нема оправдани причини, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој смета дека вината за тоа доколку некои вработени не го почитувале работното време е на товар на директорите.

– Да се биде директор не значи да се седи во кожна столица, туку да се биде пример за вработените. Доброто однесување на директор е добар пример и за вработените, но негативниот исто така, е негативен пример за докторите, рече Тодоров.

Директорите кои потфрлиле во работните обврски, ќе бидат повикани на разговор во Министерството за здравство.

Доколку нема соодветна оправдана причина за нивното непојавување на работното место, ним ќе им бидат одредени парични казни. А директорите на клиниките пак се должни да поведат дисциплинска постапка кон вработените кои не биле на работното место за време на инспекцискиот надзор, доколку, тоа, исто така, било од неоправдани причини.

Министерот за здравство истакна дека во иднина директорите на клиниките треба да го известат Mинистерството доколку бидат отсутни од работа поради посета на конгреси, семинари, користење одмор…

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство