Почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар

Од:

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка.

-Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“