Серијата на Тухел од 14 натпревари без пораз заврши. „Сините“ од Лондон денес загубија на домашен терен од Вест Бромвич со 5:2 во 30.коло од Премиер лигата.
Ова е прв пораз за лондонци по назначувањето на Томас Тухел за главен тренер.
Германецот го замени Френк Лампард на крајот на јануари и оттогаш до денес имаше 10 победи и 4 нерешени натпревари.
Тој постави клупски рекорд. Претходното достигнување – 12 натпревари без пораз на почетокот на тренерската работа му припаѓаше на Луис Фелипе Сколари.