Русија систематски ја влошува безбедносната состојба во регионите Доњецк и Луганск и на Крим, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
Украинското МНР, исто така, наведува дека со своите постапки Русија ја доведе ситуацијата во истична Украина до ќор-сокак, од каде единствено решение е дипломатијата.
-Актуелната ескалација на состојбата од Руската Федерација е систематска и најголема во последните години, изјави денеска шефот на украинската дипооматија, Дмитро Кулеба.
Според Кулеба, Москва мора да го запре воениот притисок, веднаш и безусловно да ја потврди својата лојалност кон политичко-дипломатското решение и почитување на утврдениот режим на прекин на огнот.
-Украина, заедно со Германија и Франција, како медијатори од форматот Нормандија, прави се да ја охрабри Русија да почне конструктивен процес на преговори, рече министерот, додавајќи дека и другите украински партнери, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија и НАТО за залагаат за тоа Русија да продолжи со преговорите.
Украина, додаде Кулеба, ќе му даде приоритет на политичко-дипломатскиот пат за решавање, бидејќи мирот и животот на луѓето се основна вредност за нашата земја.