Во кинеската провинција Јунан се појави ново жариште на епидемија со Ковид-19 по што властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.
Државната телевизија објави снимки со луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во градот Жулија, каде од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирусот.
Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи провинцијата Јунан. Официјален претставник на Комунистичката партија на Кина вчера изјави дека првите 159.000 дози на вакцината против Ковид-19 веќе пристигнале во градот.