Утре протест за „Монструм“, ќе бидат затворени улици во центарот на Скопје

Од:

Утре, петок, 2 април, со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија, информираат од МВР.

„Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“,“ се вели во полициското соопштение.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат