Град Скопје: Локалните избори се за шест месеци, рокот за преименувањето на улиците е запазен

Од:

Од Град Скопје велат дека се запазени сите законски норми, прописи и рокови во процесот на менување на имињата на улиците, плоштадите и мостовите, откако поранешниот градоначалник Коце Трајановски обвини дека одлуката е противзаконска.

„Во однос на роковите, сакаме да потенцираме дека локалните избори треба да се одржат во октомври, што значи запазен е рокот да има најмалку 6 месеци временска разлика од носењето на одлуката со самите избори“, велат од Град Скопје.

Поранешниот градоначалник на Скопје, за време на чиј мандат беа првично променети имињата на улиците, ја обвини актуелната власт дека сегашното преименување е незаконско.

„Оваа одлука е целосно незаконска, спротивна на член 8 од Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во кој децидно стои дека не треба да се вршат промени на улици шест месеци пред локалните, претседателски или парламентарни избори, како и дека една година пред планиран попис“, напиша Трајановски на Фејсбук.

Од Град Скопје одговараат и на обвинувањата на Трајановски дека преименувањето на улиците е направено на нетранспарентен начин, без анкета и дебата.

„Во однос на забелешките за транспарентност, Град Скопје беше максимално транспарентна и отворена во целиот процес, кој трае веќе речиси две години. Истиот беше отворен за сите граѓани, кои во 2019 година преку онлајн анкета ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Во оваа листа беа вклучени имињата на народни херои и други носители на позначајни државни одликувања, познати личности и настани од светската историја, имињата на скопските градоначалници, ректори на скопскиот универзитет, академици, државници, стопанственици, научници, спортисти, уметници и други“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски