Министерство за зравство: Само 2% од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината

Од:

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт. Според податоците на Националниот систем Мој Термин, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години кои го започнаа процесот на вакцинација вчера е висока, односно само 2% од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината – информираат од Министерството за здравство.

Од таму уште еднаш најавуваат дека утре ќе почне и вакцинацијата во останатите градови – Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

Граѓаните му пишуваат на министерот за здравство, најмногу за доцнење резултати

Здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен одговор на евентуалните последици

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Медиумите да не ги снимаат и да не земаат изјави од повредените во Кочани, бара Министерството за здравство