Европската унија досега има добиено 107 милиони вакцини против Ковид-19, соопшти денеска Европската комисија.
Најмногу дози се добиени од вакцината на Фајзер/Бионтек – 67,25 милиони, 9,8 милиони дози од Модерна и 29,9 милини дози од вакцината на АстраЗенека.
Според портпарол на ЕК, денеска се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да објави дополување на ставот за вакцината на АстраЗенека. Претходно ЕМА соопшти дека подлабока оценка може да се очекува во втората седмица на април. Агенцијата собира дополнителни информации од државите членки на ЕУ поради сомнежите дека вакцината не е целосно безопасна за сите.