Редот на француските лекари смета дека Франција ја „изгубила контрола над епидемијата“

Од:

Националниот совет на редот на лекарите повикува на „вистинско затворање таму каде што е потребно“, бидејќи според него Франција ја „изгубила контрола над епидемијата“ со Ковид-19.

-Додека не бидеме масовно вакцинирани, било каде, каде што е сериозна ситуацијата, мора да се затвориме“, пишува претседателот на Советот на редот Патрик Буе, во отвореното писмо објавено од весникот „Либерасион“ и упатено до Емануел Макрон , кој вечерва треба да и се обрати на нацијата.

-Секој мора да го стави здравствениот императив пред било кој друг и да ја земе во предвид оваа нова ситуација: вирусот победува, продолжува тој, оценувајќи дека „за многу од оние кои секој ден се соочуваат лице в лице со Ковид-19, се чини дека ја изгубивме контролата над епидемијата “.

– Пациентите се сè помлади, контаминацијата во училиштата се исто толку зачудувачки показатели за ова континуирано влошување на состојбата веќе неколку недели, според Патрик Буе, кој предупредува на можноста за „преполнетост“ на одделенијата за реанимации.

-За неколку дена, лекарите ќе треба да избираат помеѓу пациентите според немедицински критериуми, едноставно поради недостаток на средства или достапна опрема. Oва прашање ќе се постави пред нас на краткорочен план, со сето свое насилство. Соочени со ужасно сериозна ситуација, ни се наметнува потреба од построги мерки, а со тоа и за вистинско ограничување таму каде што тоа е потребно“, инсистира претседателот на Националниот совет на редот на лекарите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата