СДСМ: Веб портали под контрола од Будимпешта постојано шират лаги за генералниот секретар Николовски

Од:

„Одредени медиуми во спрега со ВМРО-ДПМНЕ со недели шират лажни вести, конструираат непостоечки случаи во очаен обид да му нанесат штета на генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски.

Овие медиуми, меѓу кои и порталот Лидер.мк кој пишува лаги за наводна поврзаност на Николовски со нелегален шверц на тутун, од страна на словеченки медиуми беа посочени како медиуми кои се финансираат со црни пари од Унгарија.

Очигледно дека и последниве лажни вести се нарачка токму од Будимпешта“, велат од СДСМ.

„Очигледно е дека кулминира стравот од правдата кај остатоците од режимот, кулминира паниката од неселективното владеење на правото, особено имајќи го предвид фактот што и против самиот сопственик и уредник на Лидер.мк се води предмет за оддавање на службена тајна.

Затоа се и овие обиди за компромитирање и оцрнување на сите кои се залагаат за неселективно владеење на правото, вклучително и на Николовски.

СДСМ отсекогаш поддржувала и ќе поддржува и охрабрува истражувачко новинарство, но ќе реагира секогаш кога тенденциозно и злонамерно се шират лажни вести како што е последниот случај каде и покрај бројните официјални информации кои ја откриваат вистината, дезинформациите и лажните вести наместо да се повлечат тие добиваат на интензитет“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски