ВИДЕО: Средба на Пендаровски со министерот за одбрана на НР Кина, генерал Веи Фенгхе

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и почит.

Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија, која е членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија, ќе соработува со Народна Република Кина во рамки на „Процесот за соработка 17+1“.

Тој се заблагодари за севкупната техничка помош доделена од Народна Република Кина која се реализира преку проекти во различни области. Посебна благодарност Пендаровски упати за доделената помош во борбата против Ковид-19, преку доделување на финансиски средства и заштитна опрема.

Шефот на државата ги истакна очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат