„Скрин лаб“ за скопјанката со примени две дози на „Фајзер“, на која не ѝ открија антитела: Резултатот е во рамките на дозволена грешка

Од:

Јордан Петров, управителот и основач на лабораторијата „Скрин лаб“, која не откри антитела кај скопјанка со примени две дози од вакцината на „Фајзер“, за „А1он“ вели дека резултатот е во рамките на дозволена грешка, а не ја исклучи и можноста скопјанката да ги развила антителата еден ден подоцна, како што потврдила другата лабораторија, во која ѝ биле откриени. „А1он“ веќе објави дека таа во петокот се тестирала во „Скрин лаб“, а во саботата во друга лабораторија, каде што анализата покажала дека има антитела. По добивањето на вториот резултат, се јавила во „Скрин лаб“ да им објасни дека прават неточни анализи и да си ги побара назад дадените пари, но се пожали дека не наишла на соработка.

„Никој не знае во кој момент ќе се развијат антителата. Можно е во петокот да ги немала, а веќе следниот ден да се појават. Еве и јас самиот се тестирав во мојата лабораторија. И јас имам примено вакцина, во петокот немав антитела, во понеделникот се покажаа. Но, и да не е таков случајот, во китовите со кои ние работиме има назнака дека точноста е 98 %, што значи тестот на скопјанката е во рамките на дозволената грешка. Ова е прв случај некој да ни се пожали за неточен резултат за антитела на Ковид-19. Друг случај не сме имале“, вели управителот и основач Петров, кој се вакцинирал не како управител на лабораторија, туку како вработен во Геронтолошкиот завод во Ѓорче, каде што го викнале да работи во ноември минатата година.

На незадоволната пациентка не ѝ се вратени парите за тестот што го направиле и таа и нејзиниот сопруг, кому, по прележан Ковид-19, исто така не му откриле антитела во „Скрин лаб“, а во другата лабораторија му ги откриле.

„Госпоѓата беше многу вознемирена, обвинуваше дека правиме неточни анализи и воопшто не стигнавме до момент да ѝ понудиме некакво обесштетување. Не за враќање на парите за тестовите, но можевме да ѝ понудиме на наш трошок оваа недела да го повтори тестот. Освен тоа, ние имаме и друг тест за проверка на антитела, кој поретко се бара, можевме и тој да ѝ го направиме, но, едноставно, не стигнавме до таму од обвинувањата“, вели управителот Петров.

Мартин Ефремов, синот на скопјанката, која заедно со сопругот викендов се шетала во повеќе лаборатории за да утврди дали има антитела, најави дека случајот со „Скрин лаб“ ќе го пријави во Државниот санитарен и здравствен инспекторат и во Институтот за акредитација на лабораториите. Пријавата ја подготвил вчера по добивањето на резултатот од втората лабораторија, а денес ќе ја однесе во институциите.

„Скрин лаб“ е иста приватна здравствена установа со ПЗУ„Павлина“. Управителот Петров вели дека не станува збор за ребрендирање, со кое е сменето името, туку дека се употребуваат и двете имиња.

„Лабораторијата сега ги носи и двете имиња – и ’Скрин лаб’ и ’Павлина’. Имаме планови за проширување на капацитетот, да станеме клиничка болница, која ќе го носи името ’Павлина’, а лабораторијата ќе го носи името ’Скрин лаб’“, објаснува Петров.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски