Најмалку новозаразени со Ковид-19 во Израел во последните девет месеци

Од:

Бројот на новозаразени со коронавирус во Израел во последните 24 часа е 128 и е најмал во последните девет месеци, објавија израелските медиуми.

Според нив, ширењето на коронавирусот е драстично намалено благодарение на успешната кампања за вакцинација, која започна на 19 декември.

Во Израел, 50,7 проценти биле целосно вакцинирани, а 56,1 процент од населението ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.

Бројот на сериозно болни пациенти со Ковид-19 постојано се намалува во текот на минатиот месец и се намали од 747 на 459, анализираат медиумите.

Бројот на смртни случаи за еден ден исто така нагло падна.

Израелците го слават еврејскиот празник Пасха од саботата вечер, а семејствата се собираат оваа година, за разлика од минатогодишниот празник, кога беа на сила строгите ограничувања.

Околу 130.000 од нив ги посетија природните резервати и парковите во неделата, на првиот ден од празникот.

И покрај охрабрувачкиот пад на бројот на пациенти, здравствените власти повикаа на претпазливост, предупредувајќи дека децата не биле вакцинирани и дека се потребни повеќе податоци за ширењето на вирусот меѓу вакцинираните лица.

Министерството за здравство размислува дали да се укине обврската за носење маски надвор, но шефот на јавното здравство Шерон Алрој-Преис рече дека има можност за зголемување на бројката на новозаразени со коронавирус со оглед на бројот на невакцинирани, вклучувајќи и 2,5 милиони деца.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа