Претседателот Пендаровски се сретна со в.д. директорот на Агенцијата за енергетика, Николовски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими в.д. директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Дарио Николовски.

На средбата директорот Николовски го информираше Пендаровски за тековните активности и работата на агенцијата, во однос на реализацијата на стратешките планови, како и за развој на потенцијалите за користење на обновливи извори на енергија, а во функција на заштита на животната средина, соопшти Кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше за можностите за организирање на обуки и едукација на младите за теми поврзани со енергетската ефикасност и значењето на заштитата на животната средина, во МладиХаб – Канцеларијата на претседателот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ