Илија Несторовски предизвика бурни реакции во македонската јавност откако по постигнувањето на голот против Лихтенштајн за победата на фудбалската репрезентација од 5-0 отиде кон камерата и гестикулирајќи жестоко пцуеше.
„Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, напиша Несторовски на Инстаграм обидувајќи да го објасни одесувањето кое предизвика револт па дури и повици за негово исфрлање од репрезентацијата.
Македонската фудбалска репрезентација го победи Лихтенштајн со 5-0 и ги запиша првите бодови во квалфикацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар 2022.