Колони луѓе пред белградски саем – граѓани од Македонија, Босна и Црна Гора се вакцинираат во Србија

Од:

Колони луѓе има пред белградскиот саем, кои чекаат ред за да примат вакцина во Србија. Стари, млади, дојдени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а и граѓани од Србија чекаат во редот долг стотици метри, пред двете хали од саемот.

Луѓето сведочат дека организацијата за вакцинација е беспрекорна, но дека надвор не се држи потребната дистанца, иако сите носат заштитни маски.

Стотици волонтери се ангажирани да го зачуваат редот и да ги насочуваат луѓето. Голем број од луѓето се дојдени и на своја рака, без претходно да закажат термин за вакцинација. Никој не е одбиен.

„Тука има можеби над 20 илјади луѓе во моментов. Никој не е вратен затоа што немал закажано термин. Ние дојдовме иако претходно немавме закажано, но веднаш не примија. Дел од српските граѓани се дојдени за ревакцинација. Кога веќе ќе се влезе внатре, работа се завршува многу брзо, за 5-10 минути, бидејќи организацијата е беспрекорна. Се добива потврда за вакцинација, а ни кажаа дека ќе не викнат кога ќе дојде време за ревакцина“, сведочат македонски граѓани кои се отидени во Белград да се вакцинираат против Ковид-19.

АМСМ утринава информираше дека на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.

Дел од македонските граѓани денеска се вакцинираат и во Ниш, во спортската сала Чаир.

Македонските граѓани ќе ја примат британската вакцина на „Оксфорд“, „АстраЗенека“. Втората вакцина треба да се прими после 3 месеци.

Во земјава се уште не е почната масовна вакцинација на населението, а првите 24 илјади дози на „АстраЗенека“ се очекува да пристигнат утре.

Би можело да ве интересира

Лончар: Монструозна лага е дека починало дете во Ваљево

Вучиќ најави за неколку дена силен одговор со сите средства против демонстрантите: Никој од надвор нема да не спречи

Предраг Петровиќ

Атаман: „Можеби ќе играме со Србија во финалето на Евробаскетот“

Предраг Петровиќ

Шест повредени полицајци, 56 лица приведени по протестите во Србија

ВИДЕО: Студентите во Ниш изјавија дека ова повеќе не е нивен протест

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Евакуирана Јелена Карлеуша, блокадерите ја нападнаа на сред концерт

Предраг Петровиќ