Македонските угостители викендов ќе се вакцинираат во Ниш

Од:

Независната угостителска комора во соработка со Стопанската комора на Србија за сите македонски угостители и угостителски работници вклучувајќи ги и музучарите без разлика дали се членки или не на некоја комора или здружение обезбеди вакцинација во Ниш – информираат од НУК.

Вакцинацијата ќе биде денеска и утре во Спортскиот центар „Чаир“.

„По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26ти Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија како и на својата Facebook фан страна со информација за начин на аплицирање“ – се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски