ВМРО-ДПМНЕ: Џабе епските расправи, Владата се откажа од недела неработен ден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на најавите од Владата дека прогласувањето на недела за задолжително неработен ден се одложува, а новиот закон ќе важи од 1 јануари идната година. Еве го во целост соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

„Уште една од бомбастично најавуваните реформи на Владата на Заев заврши неуспешно, недела како неработен ден се одложува. Епските битки и расправи за недела како неработен ден завршија со уште едно фијаско на владата. Залудни се расправи од месец дена со кои владата ја замајуваше јавноста за недела неработен ден кога сега тоа нема да се применува.

Очигледно со ваквите теми владата се обидува да дефокусира од скандалите и неуспесите, а откако ќе купат месец или два, потоа го забораваат кажаното и преминуваат на нова лага. Еднаш тоа е помпезна, а неуспешна социјална реформа, друг пат е неуспешна даночна реформа, трет пат е неуспешна полициска акција, но шемата е таа, да покријат некој свој скандал или своја корупција,“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО