Синдикални протести во Белфаст против самитот Г8 во Северна Ирска

Од:

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Белфаст за да протестираат против оддржувањето на самитот Г8 и актуелната политика на земјите чии лидери ќе учествуваат на средбата.

Редовниот самит на групата Г8 ќе се оддржи во понеделник и вторник во едно ексклузивно голф одморалиште во областа Фармана. Тема на самитот на кој учествуваат лидерите на Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Русија, како и секоја година ќе бидат актуелните состојби во политиката и економијата во светот.

Организатор на денешниот марш низ улиците на северноирскиот главен град, што се оддржа по протестниот митинг, беше синдикалната организација Ирски конгрес на трејдјунионите (ИЦТУ).

Нивниот лидер Памела Дули побара од лидерите на самитот да поведат сметка за гладот и невработеноста во светот, барајки од синдикатите во светот да се обединат во барањата за подобар и поразличен живот од оној на кој се изложени голем дел од лугето.

Таа ги обвини светскиот капитализам, богатите и политичарите кои, како што рече, не водат сметка за тоа дека една милијарда луѓе живеат во „тешка сиромаштија“, како и за постојаното зголемување на невработените.

Во Ирска нема перспективи за работа, а во Северна Ирска една третина од луѓето се третираат како „економски неактивни“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска