Германија ќе ги зајакне здравствените мерки за патниците кои пристигнуваат од Франција, со „задолжителни тестови“ и „случајни проверки“, соопшти денеска шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.
-Ова значи повеќе засилени здравствени контроли од она што постоеше до сега, со задолжителни тестови и препорачан карантин, рече шефот на француската дипломатија за радио „Франс Инфо“.
Претседателот Емануел Макрон од своја страна зборува за „нови мерки“ пред третиот бран и престојните „тешки недели“ што треба да дојдат и увери дека нема „табу“ за следните ограничувања.