Слика на Ван Гог продадена за над 13 милиони евра

Од:

Една од ретките слики на Винсент ван Гог, која беше подолго време во приватна сопственост, вчера е продадена за повеќе од 13 милиони евра на интернет-аукција на „Сотби“.

Сликата „Уличeн поглед на Монмартр“ сега беше јавно изложена првпат од нејзиното создавање во 1887 година. Делото досега беше дел од приватна колекција. Купено е за 13.090.000 евра, објави аукциската куќа.

Првичната проценка се движеше меѓу пет и осум милиони евра – рекорд за кое било дело на холандскиот уметник насликано во Франција.

Продажбата на „Уличниот поглед на Монмартр“ беше своевиден врв на наддавањето, на кое беа понудени уште 33 дела на други познати уметници, вклучувајќи ги Дега, Магрит, Модиљани, Роден и неговата муза Камил Клодел.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска