Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот со главниот тренер Оле Гунар Солскјер, пренесува „ЕСПН“.
Клубот е задоволен од резултатите на тимот под водство на Норвежанецот и верува дека тимот напредува под негово водство. Иднината на Солскјер не зависи од тоа дали тимот ќе освои некој трофеј оваа сезона.
Актуелниот договор на 48-годишникот истекува во летото 2022 година.
Во сезоната 2018/2019, кога Солскјер го водеше Манчестер јунајтед тимот заврши на шестото место во Премиер лигата. Следната сезона, Манчестер јунајтед беше трет. Сега е на второто место во англискиот шампионат.