ЕСМ: Политичките партии да не не инволвираат во дневно-политичките пресметки

Од:

„АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во моментов работи согласно потребите на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Комбинатот ги испорачува потребните количини електрична енергија, согласно планот за производство на АД ЕСМ и барањата на универзалниот снабдувач.

Проблеми во производството имало и ќе има, особено заради фактот што РЕК Битола со години наназад бил запоставуван и неревитализиран“, се вели во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Голем број од фирмите, пак, кои денес извршуваат различни услуги го комбинатот, меѓу кои и ремонтни активности на блоковите, изведувале зафати и во минатото, заради својата специфична стручност.

Електроенергетскиот систем на земјата е стабилен и освен РЕК Битола, потребните количини струја се произведуваат и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и ветерниот парк.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во повеќе наврати апелира до политичките партии да не го инволвираат во дневно – политичките пресметки. Апелираме и сега, ситните поени да се “ловат” на друго место, а не во столбот на електроенергетскито систем на Република Северна Македонија“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“