(ВИДЕО) Милевски: РЕК работи со половина блок, имаме дефекти и намалено производство

Од:

„РЕК БИТОЛА повторно работи со половина блок, да повториме половина блок, не половина капацитет. Исклучени се Блок 2 и Блок 3!!!

Блок 1 работи со половина снага, со додавање на огромна количина на мазут. На тој начин РЕК ја загадува околината, за што Македонија веќе има негативни поени од Енергетската заедница во Виена. Вашите „шампионски“ политики веќе почнаа да ви се удираат од глава!

Ова соопштение не е за да глумиме загриженост или политички да поентираме, туку да побараме одговорност од раководството на РЕК Битола. Од истото тоа неспособно раководство кое не кажа ништо на јавноста за хаваријата на Блок 2 пред повеќе од месец дена“, кажа Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Чија е одговорноста за оваа хаварија? Која фирма го правеше капиталниот ремонт?

Дали сега истата фирма повторно прави ремонт и како е тоа договорено? Дали во четири очи, како што милува да работи СДСM?

Се обраќаме до цела јавност во име на сите вработени во РЕК Битола, како и сите загрижени граѓани за ситуацијата во комбинатот.

Последен „успех“ на раководството на РЕК Битола е што најголемиот багер за ископ на јаглен во рудникот „Суводол“ по вторпат во оваа грејна сезона е надвор од функција поради нестручност на раководниот кадар.

Багерот „КУ-300“ кој после само две недели работење после санација на претходно оштетување, пак е оштетен.

Штетата е направена затоа што багерот се носи да копа во распукани блокови јаглен, кои се слизнуват. Со тоа се загрозува безбедноста на работниците и на багерот.

Резултат на оваа нестручност е нанесување на големи трошоци на комбинатот. Во рудникот Суводол не се копа квалитетен јаглен, па мора се употребува мазут. На тој начин се загадува воздухот и се поскапува производството на електрична енергија.

Спиралата која ја создаде раководството на РЕК Битола, самонаречените „шампионите“ во енергетиката, нема крај.

Не очекуваме искрен одговор од лица кои со лаги дошле на власт. Исто така свесни сме дека НЕМА напредок со вакви кадри во енергетиката.

Но, ви ветуваме дека ќе се соочите со политичка, професионална и материјална одговорност за сите испади и штети кои му ги нанесувате на столбот на енергетиката во Македонија – комбинатот РЕК Битола. За сите дефекти, за намаленото производство на електрична енергија откако постои комбинатот и за сите тендери во четири очи, простување нема да има!

Држава без здрава енергетика, нема ни здрава економија. Затоа ќе понесете одговорност пред целата македонска јавност! Овој пат простување нема!“, изјави Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик