За викендов голем број граѓани од земјава добија термин во Белград – ќе се вакцинираат со „АстраЗенека“

Од:

Голем број граѓани од Македонија кои претходно испратија барања за вакцинација во Србија, денеска добија термини за вакцинација со британската вакцина на Оксфорд, „АстраЗенека“.

Термин добија оние кои при изразувањето желба за вакцинација во Србија, на прашалникот одговориле дека би ја примиле било која вакцина што ја има на располагање.

Оние пак, кои изразиле желба за кинеската „Синофарм“ или руската „Спутник“, се уште чекаат термин за вакцинација во Србија.

Со оглед на тоа што многу граѓани од земјава на прашалникот изјавиле дека сакаат да примат вакцина во Врање или во Ниш, а добиле термин за вакцинација во Белград, веќе се организираат во однос на превозот, со цел да ги намалат трошоците за патување.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за своето членство, исто така во соседна Србија.

Во меѓувреме, во земјава се уште се чека да пристигнат вакцините „Астразенека“ и „Синофарм“. Досега, со скромни количества од американската „Фајзер“ и од руската „Спутник“ се вакцинираа здравствените работници.

Во неможност граѓаните да дојдат до вакцини, а во период кога земјава е зафатена со третиот бран на коронавирусот, граѓаните немаат друга можност, освен да бараат да се вакцинираат во други држави.

Би можело да ве интересира

И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на автопат во Србија – тројца загинати

А1он

Конаковиќ жестоко ја критикуваше Србија: Криете криминалци, Вучиќ го пречекува осудениот Додик и ѝ се заканува со војската

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски