Во експлозија на бомба во студентски автобус за жени во југозападниот дел на Пакистан, загинаа 11 лица, а 20 се повредени, соопшти локалната полиција.
Повредените, од кои повеќето се наоѓаат во критична состојба, веднаш се пренесени во болница.
Засега никој нема преземено одговорност за терористичкиот напад.