Судењето за ,,Меѓународен сојуз” продолжува на 15 април

Од:

Со сведочењето на двајца преставници на „Дрим билдинг”, на 15 април е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”. Додека испитувањето на Силјан Мицевски, ќе се одвива во некое од рочиштата по 15 април.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците,Јованка Кухар, Лилјана Тодоровска, Агапи Дика и Јордан Камчев. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Трајчева е незадоволна што Ременски е ослободена во “Меѓународен сојуз”, ќе се жали на Апелација

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес за мене

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма при изрекување на пресудата, Боки 13: Оваа пресуда е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува, не казнуваш ти

Кристијан Ландов