Во судири во Бенгази убиени шест либиски војници

Од:

Најмалку шест либиски војници загинаа утрово во судири меѓу припадници на специјалните сили и вооружена група во пристанишниот град Бенгази, во источниот дел на Либија, соопшти војската.

Истрели и експлозии одекнувале во раните утрински часови од седиштето на специјалните сили, кое се наоѓа во близина на центарот на Бенгази.

На Фејсбук профилот на специјалните сили е објавено дека припадниците на војската се судриле со „криминална група“, нагласувајќи дека тие загинале „бранејќи го храбро и чесно легитимитетот на државата“.

Судирот започна само неколку часови откако синоќа десетици демонстранти ја протерале бригадата на поранешни бунтовнички борци од нивната база во Бенгази. Демонстрантите запалиле две возила на Првата пешадиска бригада, која учествувала во соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи.

По овој напад се огласи вршителот на должност шеф на либиската армија Салем ал-Кониди, предупредувајќи на „опасност од крвопролевање“, бидејќи немирите во градот започнале да се зголемуваат по минатонеделните судири во кои загинаа повеќе од 30 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски