105 македонски медиумски работници се вакцинираа против Ковид-19 во Врање

Од:

Сто и пет медиумски работници од Северна Македонија денеска беа вакцинирани со антиковид вакцината „АстраЗенека“ во Институтот за јавно здравје во српскиот град Врање.

Вакцините за македонски новинари беа обезбедени на барање на Македонското здружение на новинари (МАН) во соработка со партнерското Здружение на новинари на Србија, а со поддршка на канцеларијата на српскиот претседател.

За новинарите од Македонија кои аплицираа за вакцинација, беше организиран и превоз, а тие повторно ќе одат за Врање за ревакцинација по три месеци.

Би можело да ве интересира

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид