На униформите на полицајците од две единици, распределени во три атински населби, од денеска се поставени камери кои ќе се активираат во случај на инциденти или полициски акции, објавија грчките медиуми.
Камерите ќе ротираат на два дена, согласно одлуките од Координативниот центар за справување со кризи на грчката полиција.
Ова е првпат камери да се постават на униформите на полицајците, нешто што пред десет дена го предложи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на расправата во Парламентот за полициското насилство.
Паралелно, за време на сите протести во Атина, од почетокот на декември минатата година, постои полицаец кој со мини рачна камера е задолжен за снимање на демонстрациите.