Владата усвои заклучоци за заштита на Охридскиот регион

Од:

Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.

Како што соопшти Министерството за култура, согласно дискусијата, Владата ја усвои Информацијата поднесена од Министерството и донесе серија заклучоци за постапување, како и за зајакнување на работата на институциите од сите области, вклучително и од културата.

-Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се имплементираат преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и Управата за заштита на културното наследство, Владата донесе заклучоци со кои овие дејствија на Заводот ќе се реализираат во соработка и со претходно мислење од Националниот конзерваторски центар-Скопје. Со цел, координирано одвивање на активностите за заштита на културното наследство во Охридскиот регион, Управата за заштита на културното наследство актите ќе ги издава по претходно мислење на Министерството за култура, се наведува во соопштението.

Заради обезбедување на стручност, се додава, Министерството за култура ќе формира комисија составена од докажани експерти за заштита на културното наследство која ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство.

Околу актуелните случувања на локацијата на поранешниот ресторан Парк, а во насока на заштита на крајбрежјето на Охридското езеро, како што се посочува, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди да ја извести Владата на нејзината наредна седница;

Исто така, се додава, задолжена е Општина Охрид да превенира градежни работи на посочената локација и во рок од два дена до Владата да достави Информација за важноста на одобрението за градба за локацијата на ресторан-дискотека Парк.

Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владата им укажа на општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од ДУП и од Планот за управување со Охридскиот регион. Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградба на објекти или преземање на мерки на непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови, стои во соопштението од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски