Повлекувањето на американските војници од Авганистан ќе биде усогласено со сојузниците во НАТО

Од:

Секое повлекување на американските трупи од Авганистан ќе се изведе во консултација со сојузниците на НАТО, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, тој кажа дека е тука да ги сподели нивните идеи, но уште повеќе да слуша и да се консултира.

-Кога ќе дојде време, ќе заминеме заедно. Ние сме обединети со сојузниците на НАТО, нагласи шефот на американската дипломатија.

Проблемот со повлекувањето на војниците од Авганистан е една од главните теми на состанокот на министрите на 30-те земји на НАТО, што се одржува денеска и утре во Брисел.

Министрите ќе разговараат за целесообразноста за повлекувањето на трупите на НАТО од земјата, по повеќе од 20 години борбени дејстија.

Според мировните договори на САД со талибанците, САД и НАТО мора да ги повлечат своите трупи од Авганистан до мај годинава. Меѓутоа, воената ситуација во земјата и натаму останува крајно тензична, а голем дел од талибанските групи не ни кријат дека се подготвуваат за офанзивните операции против владата оваа пролет.

Под овие услови, и двете можни решенија за земјите од НАТО може да имаат трагични последици.

Прво, повлекувањето на војниците од земјата не само што ќе ги ослабне властите во Кабул, туку, исто така, ќе ги деморализира владините сили, давајќи силен сигнал за акција на талибанците и порадикалните терористички групи чии водачи никогаш не го поддржале договорот со САД.

Второ, останувањето во Авганистан, ограничените сили на НАТО нема да дозволат менување на состојбата и овој чекор ќе биде широко искористен во пропагандата на антивладините сили, кои ќе тврдат дека не може да им се верува на договорите со САД и НАТО. Исто така, може значително да ја зајакне позицијата на бескомпромисните исламисти.

Истовремено, САД и НАТО нема да можат значително да го зголемат своето воено присуство во земјата за да ја променат ситуацијата. Изворите за ова се недоволни како резултат на општиот замор на авганистанската кампања меѓу сојузниците, како и заради тешките економски последици од пандемијата на коронавирусот. Во тој случај, доколку Талибанците, сепак, надвладеат над авганистанските владини сили, тоа ќе биде вистински воен пораз за Алијансата во најголемата кампања во нејзината историја, која трае две децении, односно во катастрофален резултат.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот